More

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја исполнува процедурата

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за итна седница со 20 потписи на пратеници, со што може седницата да се одржи уште денеска – изјави на прес конференција пратеникот Никола Мицевски.

    – Со 20 потписи од пратеници можеме да овозможиме материјалите кои што се во врска со седница за законските измени на роковите на важење на личните документи да бидат доставени до пратениците согласно роковите побрзо од 10 дена или пак на самата седница. Затоа очекувам во текот на денешниот ден да се организираме и да ја свикаме оваа седница како би ги избегнале сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните во нашата држава – изјави Мицевски.

    Тој рече дека од изутринава имал разговор на оваа тема и премиерот, кој што го очекува да дојде и заедно со претседателот на Собранието, како пратенички групи да изнајдат решение, меѓутоа, како што рече, за да се случи тоа, потребно е барање за свикување итна седница и тие тоа го направиле.

    – Итна е постапката, гледате и Вие дека јавноста е сензибилна по ова прашање и ние денес како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ги подготвивме законите и ги поднесовме до архивата на Собранието.

    Дополнително со тоа поднесовме и барање за свикување на итна седница со потписи од 20 пратеници. Претседателот на Собранието може да ја свика седницата во текот на денешниот ден.

    Инаку, по однос на самите законски решенија, се работи за измена на одредбите од двата Закони кои што предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период – рече Мицевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img