More

    Поради овие седум фактори, мажите најчесто имаат проблеми во кревет

    spot_img

    Еректилната дисфункција е неможност да се постигне или одржи ерекција. И додека, од друга страна, сексуалната моќ, односно постигнувањето ерекција, има позитивен ефект врз физичкото и менталното здравје на поединецот, важно е да се нагласи дека повремената еректилна дисфункција се јавува кај речиси сите мажи од различна возраст.

    Меѓутоа, ако оваа состојба продолжи или се влоши, таа станува голем здравствен проблем за поединецот. Посебно загрижува фактот што оваа состојба станува се поголем проблем, кој најчесто се јавува поради лошиот избор на животниот стил.

    Седум главни причини за еректилна дисфункција: седентарен начин на живот, нездрава исхрана, пушење, прекумерно консумирање алкохол, стрес и лошо ментално здравје, проблеми во врската и лекови.

    Една од причините за појавата на еректилна дисфункција кај сè поголем број млади мажи е неактивен начин на живот. Имено, недостатокот на редовна физичка активност и претераното седење може да доведат до слаба циркулација на крвта и намалено севкупно кардиоваскуларно здравје.

    „Во повеќето случаи тоа се должи на намалениот проток на крв во пенисот. Меѓутоа, надворешните фактори, вклучително и некои избори на животниот стил, исто така можат да предизвикаат еректилни проблеми“, вели д-р Нил Пател, пишува Глорија.

    Спротивно на тоа, редовното вежбање овозможува подобар проток на крв и помага да се намали ризикот од еректилна дисфункција.

    Друг фактор на ризик е нездравата, преработена храна која е богата со рафинирани шеќери и нездрави масти. Неправилната исхрана може да придонесе за развој на дијабетес, кој е познат фактор на ризик за еректилна дисфункција.

    „Бидејќи еректилната дисфункција е поврзана со протокот на крв, важно е да имате здрави крвни садови“, вели д-р Пател.

    Јадењето храна богата со хранливи материи може да ја намали појавата на вообичаени васкуларни проблеми предизвикани од висок холестерол, покачена гликоза во крвта и високи нивоа на триглицериди. Од друга страна, употребата на тутун може да ги оштети крвните садови и да го ограничи протокот на крв, вклучително и до пенисот.

    „Затоа, пушењето е тесно поврзано со зголемен ризик од еректилна дисфункција“, додава д-р Пател.

    Дополнителни фактори кои придонесуваат за машката дисфункција може да вклучуваат прекумерно консумирање алкохол, акумулиран стрес, лошо ментално здравје, употреба на одредени лекови и проблеми во врската.

    „Иако може да изгледа непријатно, проблемот со еректилната дисфункција е чест, па затоа е важно да разговарате за тоа со вашиот лекар. На тој начин ќе можете да одредите што го предизвикува вашиот проблем и како да го третирате на вистински начин“, заклучува д-р Пател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img