More

    Мароканците без струја, храна и вода: „Луѓето страдаат, а помошта доцни“

    spot_img

    Се зголемува бројот на жртвите од земјотресот што во петокот вечерта го погоди Мароко. Според последните податоци, загинале 2.122 лица, а повеќе од 2.400 луѓе се повредени.

    Потрагата по преживеани под урнатините продолжува, а првите странски спасувачки тимови конечно пристигнаа во Мароко.

    Особено е тешко во планините Атлас, недалеку од историскиот Маракеш, каде што многу села се срамнети со земја, а студениот период од годината допрва доаѓа.

    Во околината на епицентарот има многу планински села со стари куќи чии жители немале каде да побегнат.

    – Во куќата има уште три жртви, жена, дете и студент. Спасени се тројца, свекрва ми, синот и внукот. Од шестмина, тројца се спасени, а тројца за жал починале, рекол еден жител, пренесува ХРТ.

    Се стравува дека речиси една петтина од жителите загинале само во малиот град Амзмиз, во подножјето на Високиот атлас, на околу 50 километри од Маракеш. На преживеаните им биле дадени шатори и малку храна.

    – Земјотресот во петокот беше како војна. Надлежните ни рекоа да дојдеме овде и добивме шатор, во него сме 10, но барем имаме шатор. Немаме леб, посочи еден жител погоден од земјотресот.

    – Нема леб, струја, вода. Луѓето страдаат, а помошта доцни. Некои застанаа на патиштата, некои немаат ниту засолниште. Во шаторот сме 12-13, меѓу кои и деца. Тешко е, рекол очајниот Мароканец.

    Мароканските медиуми постојано објавуваат покани до граѓаните да даруваат крв. Само во саботата беа собрани 6.000 дози.

    -Дојдовме да им помогнеме на повредените. Мораме да си помагаме, најмалку што можеме е да даруваме крв, рече крводарителот.

    Многу граѓани во седумте погодени провинции спијат на отворено поради страв од последователни потреси или затоа што немаат каде да се вратат.

    Некои туристи сепак го посетуваат стариот град Маракеш.

    – Не гледам потреба да заминам порано, безбедно е овде во Маракеш, тоа се случи во планините, изјави туристот.

    – Мислевме да го откажеме одморот, но летот беше навреме и немаше гужва. Решивме да патуваме

    Мароканската влада ја прифати помошта од четири земји – Шпанија, Обединетото Кралство, Обединетите Арапски Емирати и Катар, а некои спасувачи со кучиња трагачи веќе се на терен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img