More

    Опаѓа бројот на грипосани

    spot_img

    Во текот на седмата недела од 2024 година, од 12 до 18 февруари, во Република Северна Македонија се пријавени 1.384 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип. Тоа претставува 26,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со седмата недела од минатата сезона, е зголемен за 1,7 пати, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

    „Заболените се пријавени од 30 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 302, Струмица – 177, Скопје – 151, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на сто. Во девет извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во пет средна, во Дебар, Крушево и Кратово – висока и во Кавадарци и Ресен – многу висока активност на вирусот на грип“, пишува во извештајот.

    Во однос на возрасната дистрибуција, 781 лице е на возраст од 15 до 64 години, 341 се деца на возраст од пет до 14 години, 143 се лица на возраст над 65 години и 119 се деца на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.

    Во сезоната 2023 – 2024, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип, изнесува 11.921, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 62,8 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 10,0 проценти.

    Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 9 починати лица асоцирани со грип.

    Заклучно со седма недела, во државата вакцинирани се вкупно 61.702 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img