More

    Обилните врнежи предизвикаа поплави во Дубаи, откажани се некои летови

    spot_img

    Обилните врнежи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во вторникот ги поплавија улиците на Дубаи, а некои летови беа откажани поради неповолните временски услови.

    Според новинската агенција ВАМ на ОАЕ, обилните врнежи се одразиле на животот на луѓето во различни региони, вклучувајќи го главниот град Абу Даби и градот Дубаи.

    Авиокомпанијата Флај Дубаи откажа некои летови поради неповолните временски услови, додека многу од нив доцнеа.

    Покрај тоа, Фудбалскиот сојуз на ОАЕ најави одложување на сите локални фудбалски натпревари закажани за денеска, а новите датуми ќе бидат објавени подоцна.

    Надлежните ден претходно ја предупредија јавноста за претстојното невреме, а граѓаните беа замолени да не излегуваат од своите домови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img