More

    Осигурителните компании пресметаа дека во истиот период има општ пораст на цените од 61,5%

    spot_img

    Комисијата за автомобилска одговорност при Министерство за финансии, 15 години не дала препорака на Владата за корекција на цените на авто осигурувањето иако тој период повеќепати осигурителните компании преку Националното биро за осигурување имаат доставено анализи до надлежните институции кои укажуваат дека цените треба да се променат. Во овие 15 години забележан е општ пораст на цените од 61,5%.

    Ова го тврдат од Групација на осигурувањето при Стопанската комора како реакција на препораката на владината Комисија да ги вратат цените на нивото пред покачувањето за 15,44% од 25 април.

    Од групацијата посочуваат дека според Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, член 46, Комисијата за автомобилска одговорност има обврска еднаш годишно да прави анализи за тековните состојби,  и да доставува до Владата предлог за утврдување на минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност.

    – Но, и покрај горенаведените одредби, Комисијата не заседава еднаш годишно и при тоа минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години, поточно од 2008 година, кога беше намалена за 30%. Последната одлука за утврдување на минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност е донесена 09.09.2008 од страна на Владата – велат од Групацијата.

    Оттаму додаваат дека за овие 15 години општиот пораст на цените во земјата е од  61.5%, а нивните цени останале непроменети.

    -Фактот што голем дел од осигурениците имаат максимален бонус/намалување на премија од 50%, товарот од новите давачки кои ги плаќаат осигурителните компании, 2% кон Фондот за здравствено осигурување и 0,8% кон регулаторот, порастот на минималната и просечната плата на вработените и на работната рака на сервисите и проценителите, во услови на замрзнати цени за авто одговорност ја доведува во прашање одржливоста и оправданоста на бизнисот авто осигурување и долгорочното учество на осигурителните компании во овој сегмент – велат од Групацијата.

    Дека постоечките цени се непазарни и неодржливи, велат оттаму,  потврдуваат и од Националното биро за осигурување кои информираат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност во 2023 претрпела загуба во износ од 176 милиони денари.

    Тие очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречено сервисирање на штетите.

    -Исто така, јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години е евидентиран раст на цените на автомобилите од 70% – 100%, на резервните делови за 100%, на платите  за  83%, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, што ги прави неодржливи цените на автомобилското осигурување- велат од Групацијата.

    Осигурителните компании се надеваат дека Комисијата и Владата, односно Министерството за финансии, како професионални и кредибилни институции, ќе направат уште еднаш сериозна анализа, и ќе ги земат предвид сите факти и тековни состојби, и врз основа на нив ќе донесат препорака до Владата за промена на одлуката, и креирање реални цени.  Во спротивно, работење по нереални и 15 години непроменети цени нема да биде од корист ниту на граѓаните ниту на бизнис заедницата, ниту на државата.

    На 25 април, цената на полисата за задолжителното авто осигурување поскапи за 15,44% за возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 до 1.600 денари, во зависност од моќноста на возилото.

    На 29 април, Комисијата за автомобилска одговорност им препорача на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето да им предложат на друштвата за осигурување да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img