More

    Нова демократија води со повеќе од 20 отсто пред Сириза

    spot_img

    На парламентарните избори во Грција што се одржаа денеска, според официјални податоци од пребројани 75 отсто од гласовите, Нова демократија на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис и натаму е во водство со 41,1 отсто поддршка, додека Сириза на Алексис Ципрас има 20,1 отсто – пренесува Катимерини.

    Според податоците на Министерството за внатрешни работи, излезеноста била 56,87 отсто, што е помалку од изборите во 2019 година, кога излегле 57,78 отсто од запишаните избирачи.

    Меѓутоа, поради пропорционалниот модел, Нова демократија засега не го обезбедува потребниот минимум од 151 пратеник за да формира еднопартиска Влада, па така можно е на крајот од јуни или почетокот на јули да се одржат нови избори.

    Во парламентот место обезбедуваат пет партии, кои успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img