More

    Наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград ќе продолжи утре, и покрај барањата на поголем дел од родителите наставата да заврши веднаш

    spot_img

    Наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, каде на 3 мај се случи масакр на учиници и наставници, ќе продолжи утре, и покрај барањата на поголем дел од родителите наставата да заврши веднаш. Наставата ќе продолжи со скратени часови, без оценување, но со можност да се одговара за повиска оценка, без прозивки на отсутни и со присуство на шест полицајци во секоја смена. Децата кои не сакаат или не можат да продолжат да присуствуваат на наставата ќе можат да останат дома, со писмо од нивните родители.

    Делегациите на Владата на Србија, Обвинителството и полицијата, денеска се сретнаа и разговараа со раководството на училиштето и со дел од родителите на убиените деца.

    Советот на родители не донел одлука за иницијативата на повеќе од 200 родители за завршување на учебната година за „Рибнкар“ бидејќи, како што беше појаснето, седницата станала неформална и била одложена за подоцна.

    – Суштината на иницијативата е учебната година веднаш да се прекине и да заврши на 3 мај, кога се случи трагичниот настан – вели Војин Шаљиќ, член на Советот на родители.

    Советот на родители продолжи како неформален состанок. Но, бидејќи средбата не била формална, не се одлучувало за барањата за суспендирање на директорот, психологот и педагогот на училиштето до завршување на истрагата и утврдување на нивната евентуална одговорност, ниту пак биле добиени одговори на отворените прашања од оригинално барање на родителите. :

    Родителите бараат реконструкција на трагичниот настан и известување за статусот на истрагата, прашуваат што ќе биде со осомничениот и неговите родители, што ќе се прави во однос на предложеното реновирање на училиштето, а бараат и одговорност на оние кои го објавија списокот на деца од одделението и фотографии од родители и деца.

    Од МВР на Србија соопштија дека од понеделник во училиштето ќе има по шест полицајци во секоја смена и старешини кои ќе ги посетуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img