More

    Николоски: Бараме гаранции за самобитноста на јазикот и на народот

    spot_img

    „На Македонија и се случува мек напад, каде што ние уште ноември 2019-та година после т.н. позиција на бугарското национално Собрание до денес имаме една агресивна бугарска политика која што директно удира во темелите на македонската држава и македонскиот народ. Што не е изненадување. Тие таа политика ја имаат веќе 150 години од основањето на бугарската држава, но ја гледаме поагресивна во изминатите години. И можеби ова што се случува во Украина треба да е еден поттик малку посериозно да ги поставиме нашите позиции“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

    Николоски укажа дека е потребна поголема обединетост на Македонците и македонските политичари.

    „Нашиот став кој што го искажувавме пред месец ипол – два и континуирано од тогаш го кажуваме мислам дека не се фати сериозно, а тоа е дека доколку Бугарија бара гаранции, тогаш мора и ние да бараме гаранции во однос на Бугарија. И мора да добиеме цврсти гаранции за самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ“, нагласи Николоски.

    Николоски посочи дека Македонија мора да добие цврсти гаранции во однос на спорот со Бугарија.

    „Бугарија нема позитивно минато на исполнување на договори со Македонија. Досега има најмалце три договори кои што не се испочитувани од бугарска страна, во 90-тите Глигоров – Желев, после тоа 99-тата година Георгиевски – Костов, и после 2017-тата година кога имаше договор меѓу Заев – Борисов. И ниеден од тие договори не се испочитува. И затоа мислам дека мора многу внимателно да се влегува во процесот на договарање пред се во однос на гаранции кои што досега ги немаше во досегашните договори, затоа што сепак имаме проблем со Бугарија, а не со Данска“, истакна Николоски.

    Николоски додаде дека не се случи лидерска средба откако Димитар Ковачевски беше избран за премиер.

    „Кога беше избран Димитар Ковачевски иницираше лидерска средба која што како што гледате не се случува иако не сакам да бидам индискретен но во одредени комуникации кои што ги има во рамки на Собранието повеќе пати сме прашале што е намерата за лидерската средба. Сега таква комуникација нема односно за жал не се случи таа лидерска средба. А, најдобар начин да се разменат мислења е на еден таков тип на средба каде што ќе се види кој каде е. А, сега одиме само на претпоставки. Имајќи во предвид минатото и имајќи в предвид искуства од минатото ние нормално е да сме сомничави“, појасни Николоски.

    Николоски посочи дека мора многу внимателно со Бугарија, таму за жал мнозинство од политичката елита не гледа пријателски кон Македонија, и пред се македонскиот народ како доминантен во рамки на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img