More

    Невреме може да очекуваме во попладневните часови

    spot_img

    Претпладне денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

    Утринските температури ќе бидат од 8 до 15 Целзиусови степени, а дневните од 18 до 27 Целзиусови степени.

    Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    В недела претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат од 8 до 15, a максималните во интервал од 18 до 28 степени.

    Претпладне в понеделник ќе биде сончево со умерена облачност и со повремен краткотраен дожд. Попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град. Утринските температури ќе бидат од 8 до 14 Целзиусови степени, а дневните од 20 до 27.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img