More

    Некои обожаватели кои коментираа беа во право, еве за што се работи

    spot_img

    Откако, на многумина омилениот пејач Џастин Бибер, ги загрижи обожавателите ширум светот кога на Инстаграм сподели фотографии на кои плаче, „Дејли мејл“ ја откри вистинската причина зад емотивните моменти. Како што рекол извор близок до пејачот, Бибер бил емотивен откако се молел.

    „Џастин се справува со своите емоции и не крие дека е религиозен. Фотографиите предизвикаа сомнежи кај неговите обожаватели за неговиот брак, но сето тоа беше поради неговата љубов кон Исус“, рекол изворот, додавајќи дека пејачот често го понесуваат емоциите кога се моли. „Тој чувствува дека луѓето треба да бидат ранливи, а тој е ранлив и верува дека тоа покажува некаква зрелост каква што никогаш ја немал“, објаснил тој.

    Некои обожаватели тоа и го забележаа, а една обожавателка истакна дека фотографиите на Бибер се само добар потсетник за луѓето дека зад секоја славна личност стои човечко суштество.

    „Ми се допаѓа тоа што не се плашиш да ја покажеш својата ранливост и емоции. Добро е да се потсетиш дека зад секоја славна личност стои човечко суштество. Ти си сакан“, напишала обожавателката.

    Сопругата на Бибер, Хејли, овој пат не мораше да ги негира гласините за нејзиниот брак, како што тоа го направи на почетокот на оваа година, кога парот се најде на насловните страници поради гласините за развод. Гласините за брачни проблеми почнаа да се шират откако таткото на Хејли, Стивен Болдвин, ги замоли обожавателите на младиот пар да се молат за Хејли и Џастин.

    Меѓутоа, во своето видео на социјалната мрежа Тик ток, Хејли рече дека сè што кружи на интернет е лага и со тоа ги реши сите сомнежи околу раскинувањето на неа и Џастин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img