More

    МВР на РСМ – Извадок на дневен билтен на настани

    spot_img

    На 09.02.2023 во 15.15 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(25) од Скопје. За него била издадена потерница, во врска со претходна пријава околу 12.50 часот, според која од домот на 73-годишен скопјанец на подрачјето на Бит Пазар со закана со остар предмет му одзел пари, при што му нанел повреда. При извршен преглед кај пријавениот пронајдени се дел од одземените пари и прашкаста материја. За настанот е известен Јавен обвинител, а лицето е задржано во Полициска станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 09.02.2023 во 18.20 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода М.Ј.(62) од Скопје. При претрес во неговиот дом, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се ловечка пушка карабин и пет куршуми. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

    Ноќеска (10.02.2023), половина час по полноќ, во тетовски Челопек, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.О.(40) и Л.В.(39) од Тетово. Тие се сомничат дека претходно извршиле тешка кражба во објект во селото, а кај нив биле пронајдени и одземени предмети и производи кои потекнувале од кражбата. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат поднесоци.

    На 07.02.2023 во 18.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (20) од Радовиш. Во извршениот службен разговор тој признал дека во текот на месец февруари, заедно со  М.Ш. (18) и уште едно малолетно лице од Штип, на подрачјето на Радовиш извршиле кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“. На 09.02.2023 во Полициска станица Радовиш бил повикан и М.Ш. (18) кој ги признал делата и доброволно ги предал предметите кои потекнуваат од извршените кривични дела, а исто така, било пронајдено и одземеното моторно возило. По целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.02.2023 во 11.15 часот на подрачјето на Гази Баба, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Е.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.02.2023 во 01.35 часот на подрачјето на Кисела Вода, од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода била лишена од слобода Д.С.(34) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 09.02.2023 во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, заедно со службеници од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Царинската управа и Управата за јавни приходи, извршена е контрола на отпади на подрачјето на Скопје. При контролата, во отпад за половни возила на ул.„Качанички пат“ во Скопје, сопственост на М.В. и Ј.П. од Скопје, утврдени се повеќе неправилности во работењето, меѓу кои обавување дејност без дозвола за работа и без регистрација во соодветен регистар, пронајдени се нецаринети возила кои потекнуваат од странство, како и  едно возило под сомнение за фалсификување, за кои се поднесени соодветни поднесоци од надлежните институции. Во отпад, сопственост на Ф.О.(46) од Скопје, по извршена проверка во документација констатирани се повеќе неправилности во работењето, меѓу кои обавување на нерегистрирана дејност, недоследности во управување со отпад, а за затекнатите возила ќе бидат извршени дополнителни проверки. Од надлежните институции сочинети се записници и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    Во текот на вчерашниот ден (09.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за прекршоци што ги прават пешаците …

    На 09.02.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 8 надвор од населено место и 7 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 6 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 2 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.

    Полициски службеници на СВР Тетово на 09.02.2023, од 08.00 до 22.00 часот, спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-5 и ГВ-2). Покрај ова, биле санкционирани и 10 пречекорувања на брзината (ТЕ) во населено место. Во контролата санкционирани се и 57 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ—45 и ГВ-12). Вчера, исто така, на тетовското подрачје спроведена е засилена акциска контрола за престигнување, во која биле санкционирани вкупно 9 прекршоци, а кои се однесувале на неправилно престигнување, како и 8 други видови прекршоци.

    На 09.02.2023 во 08.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Натанаил Кучевишки“, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот Х.П.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 09.02.2023 во 23.35 часот било пријавено дека во Скопје, на кеј „13 Ноември“, патничко возило „сеат толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(55) од Скопје, удрило во пешакот И.Ш.(49) од Струга. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 09.02.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Драчево, Д.К.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.

    На 09.02.2023 година во 15.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на раскрсницата од улиците „Орце Николов“ и „Моша Пијаде“ во Струмица Д.П.(60) од Струмица, управувајќи мотоцикл „пежо“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

    На 09.02.2023 во 09.10 часот, 40-годишната Н.Р. од тетовско Требош во СВР Тетово пријавила дека во селото била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img