More

    Русија ќе гаѓа британски воени цели, ако Украина користи британски ракети кон Русија

    spot_img

    На амбасадорот на Велика Британија во Москва, Најџел Кејси, му е даден остар протест поради изјавата на британскиот министер Дејвид Камерон дека територијата на Русија може да биде цел на британски ракети од Украина, соопшти руското МНР.

    – Најџел Кејси беше предупреден дека, како одговор на украинските напади на руска територија, со употреба на британско оружје, ќе бидат нападнати британски цели на територијата на Украина и пошироко – британски воени објекти и опрема – посочија од министерството.

    Освен тоа, според руското Министерство за надворешни работи, шефот на британската дипломатска мисија бил предупреден „да размисли за неизбежните катастрофални последици од ваквите непријателски чекори на Лондон“ и „најодлучно и најнедвосмислено да ги отфрли милитаристичките и провокативните изјави на Камерон.

    – На Најџел Кејси цврсто му беше истакнато дека непријателскиот испад на Дејвид Камерон директно противречи на претходните уверувања на британската страна, при испораката на крстосувачки ракети со долг дострел на режимот во Киев, дека во никој случај нема да се користат за напади врз руска територија. Со ова МНР го отфрли овој став, де факто признавајќи дека нивната земја е вмешана во конфликтот – посочуваат од руското МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img