Топ Вести - Слушај сега
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.А.(26) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 28.10.2025, пријавениот преку профил на социјална мрежа објавил експлицитни фотографии и видеа од женско лице, без нејзина согласност.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против В.Л.(63) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 13.11.2025 во Прилеп, пријавениот попречувал полициски службеник при извршување на службени дејствија.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Н.(45) од с.Цапари и В.М.(64) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што е пронајден и одземен пиштол, кој го купил од второпријавената.
На 18.12.2025 во 20:35 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба го приведоа С.А.(36) од Тетово, кој бил баран по потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 18/19.12.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.С.(33) од Прилеп, Ф.А.(34) од с.Горно Којнаре, кумановско, Ј.Ч.(46), С.С.(43), А.А.(27), Н.А.(39) и В.Т.(36), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 18.12.2025 во 12:00 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Т.М.(55) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.
На 18.12.2025 во 10:00 часот на регионален пат Тетово-с.Волковија, кај с.Радиовце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане ги лишија од слобода Р.А.(41) и Џ.А.(66), двајцата од с.Жеровјане, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „незаконит лов“. Притоа, кај Р.А. е пронајдена и одземена ловечка пушка „Бајкал“ 12 милиметри со два патрони во цевка и колан со 15 патрони, додека од Џ.А. се одземени дозвола за оружјето, легитимација од ловечко друштво и други предмети. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава по член 396 и член 288 од Кривичниот законик.
На 18.12.2025 во СВР Скопје, З.А.(61) од Скопје пријави дека на 25.11.2025 околу 08:45 часот во Скопје, додека се превезувала како патник во автобус, при кочење на автобусот паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(18) и И.Б.(18) од с.Порој, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24.09.2025 во приватното училиште во тетовско село, по претходни недоразбирања, пријавените физички нападнале 16-годишник од с.Врапчиште, гостиварско.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.К.(32) и Д.Д.(19), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.12.2025 на локален пат Делчево-с.Тработивиште, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо“, во кое биле пријавените, при што се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и дробилка.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Ј.(85) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 27.08.2025 полициски службеници извршиле претрес во куќата каде живее пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечки карабин, ловечка пушка, патрони и куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Х.(33) и Т.Ш.(36), двајцата од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поткуп при избори и гласање“ и „помагање“. На 14.10.2025, првопријавениот дал поткуп во износ од по 1000 денари на четири лица да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево, додека второпријавениот на едно женско лице дал поткуп од 5000 денари со истата намера.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’. На 11.12.2025 во Тетово, пријавениот со употреба на остар предмет, се обидел да нападне четири малолетници.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување’’. Пријавениот, во својство на службено лице во банка во Битола, во неколку наврати вршел неовластено зголемување на лимитите на неговата кредитна картичка и специјален лимит, како и зголемување на лимитот на неговата сопруга, а извршил и незаконско зголемување на својот имот и имотот на неговите сопруга и мајка, односно за себе и за нив овозможил да се стекнат со вкупна материјална корист од 657.400 денари.
На 19.12.2025 во 03:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ѓ.С.(44) и А.С.(40), двајцата од Скопје. Ѓ.С. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека пак А.С. се однесувал агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Т.(51) и В.Т.(51), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тие, како инвеститори, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, бесправно изградиле станбено-деловен објект без да поседуваат одобрение за градење. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 18.051.600 денари.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(54) од село Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој неовластено и бесправно оградил катастарска парцела во државна сопственост со површина од 656,6 метри квадратни во селото Коџаџик, а потоа изградил и бетонски ѕидови и поставил бетонска плоча.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 30.10.2025 на улица „Маркс Енгелсова” во Струга, тој од возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, од пиштол „Взор“ калибар 7,65 мм, испукал неколку куршуми кон стан во сопственост на Д.М. од Струга.
На 18.12.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево во Скопје е пронајден починат А.Б.(64) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а. по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 18.12.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, Х.К.(21) од Скопје пријави дека околу 21:00 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, била физички нападната од Ф.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.12.2025 во 14:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа Д.Ц.(49) од Скопје, затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.12.2025 во 10:30 часот во СВР Скопје, Б.С.(49) од скопско, пријави дека на 17.12.2025 околу 22:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.12.2025 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар во објект на фирма. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Tagged as:
19.12.2025 МВР - Извадок на дел од дневните настани
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
