More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 06 Март, 2024

    spot_img

    По преземени мерки и активности, на 05 и 06.03.2024 во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ф.П.(29), Д.Д.(32) и Д.П.(25), сите од Скопје. На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил лишен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Подоцна, при претрес во станот кој го користи Ф.П., извршен со судска наредба, тој бил затекнат како со Д.Д. пакуваат марихуана. Притоа, биле пронајдени 78 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, пари и други предмети со остатоци од наркотична дрога. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 05.03.2024 во 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

    На 05.03.2024 во 16.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(38) од тетовско Камењане. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во куќата на Џ.Р.(61) од истото село, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Џ.Р. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 05.03.2024 околу 14.15 часот на улица „Радован Цониќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Е.О.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

    На 05.03.2024 во 15.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.П.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 05.03.2024 во 20.20 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 05.03.2024 во 16.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 05.03.2024 во 23.45 часот во с.Раклиш, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода А.Б.(34) и И.Е.(38), двајцата од с.Раклиш. При преглед на патничко возило „опел астра“ со радовишки регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 05.03.2024 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во барака во Центарот за бездомни лица „Чичино село“ во с.Грчец, скопско, била пронајдена марихуана. Дрогата била подигната за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На 05.03.2024 во 10.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле М.Л.(29) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасуваат неколку страници. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

    Во текот на вчерашниот ден (05.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 174 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.2023) во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, при што санкционирани се 42 возачи. За време на контролата санкционирани се и 186 други видови на сообраќајни прекршоци.

    Денеска (06.03.2024) во 00.10 часот во Полициската станица Аеродром, Х.П.(63) и Т.Б.(27), двајцата од Скопје, пријавиле дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје биле каснати од куче скитник.

    На 05.03.2024 во 22.22 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Х.Г.(19) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар била касната од куче скитник.

    На 05.03.2024 во 11.55 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.М.(76) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 05.03.2024 во 21.05 часот во СВР Тетово, 51 – годишната Н.Љ. од Тетово пријавила дека на улица „Јордан Златановски“ во Тетово била касната од куче скитник. Притоа, бегајќи, паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img