More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 28 Февруари, 2023

    spot_img

    На 27.02.2023 во 22.40 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(27) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.02.2023, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Л.(42) од струшкото село Октиси. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајднена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.02.2023 во 14.40 часот, полициски службеници ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.М.(34) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје и за него била определена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

    На 27.02.2023 во 16.00 часот на ул.„Радушка“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(39) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачјето на Центар одзел патничко возило „фиат мултипла“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ѓ.(65) од Скопје, по што во 14.35 часот на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ го напуштил местото на сообраќајна незгода во која учествувал со возило „фолксваген голф“. Тој бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Службен разговор во полициска станица бил извршен и со К.Ѓ., затоа што по преземени мерки било утврдено дека на возилото „фиат мултипла“ биле поставени регистарски таблички од друго возило. Во разговорот К.Ѓ. признал дека возилото го управувал со таблички од друго возило, затоа што неговите му биле одземени од полициски службеници од ОВР Гостивар, бидејќи возилото го управувал нерегистрирано. За настаните бил запознаен јавен обвинител и по нивно целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 242 и член 378 од Кривичниот законик.

    На 27.02.2023 во 08.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Г.(31), Г.Б.(33) и Н.Е.(37), сите од Скопје. Тие биле затекнати во фабрика во Велес како сечат одземени бакарни кабли. Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следи соодветна пријава.

    На 27.02.2023 на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.В.(48), Е.К.(23) и Д.К.(43), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека годинава на подрачјето извршиле кражби. При лишувањето, кај Е.К. бил пронајден и одземен метален боксирач. Се расчистува и документира случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

    На 27.02.2023 во 09.45 часот на ул.„Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Р.И.(53) од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена  артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.02.2023 во 15.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода К.С.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 27.02.2023 во 22.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.В.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Денеска (28.02.2023) околу 00.20 часот во тетовско Радиовце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот С.Р. од гостиварски Добридол, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, на С.Р. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    На 27.02.2023 на ул.„Буковски пат“, кај археолошки локалитет „Хераклеа“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.М.(34) и двајца малолетници, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

    На 27.02.2023 во 22.00 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.А.(24) од Охрид, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (27.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 280 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 143 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за возач почетник…

    На 27.02.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 8 во населено место. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 3 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 4 за некористење сигурносен појас и 4 за непрописно престигнување.

    На 27.02.2023 во ОВР Прилеп, М.Љ.(35)  од Прилеп пријави дека кај Бизнис центарот во Прилеп бил каснат од куче скитник.

    На 27.02.2023 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Рашче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од малолетник од с.Крушопек, скопско и патничко возило „ренџ ровер“, управувано од Х.И.(45) од с.Рашче, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Крушопек од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 27.02.2023 во 18.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Т.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ била касната од куче скитник.

    На 27.02.2023 во 12.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Карпалак“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат стило“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(51) од Крушево и товарно возило „фиат дукато“ со прилепски регистарси ознаки, управувано од П.Ж.(54) од Прилеп. Во несреќата, Н.В.(51) се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничките С.Т.(24) и 16-годишна малолетничка, двете од Крушево, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

    На 27.02.2023 во 18.00 часот во СВР Тетово, 68-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше пријавил дека на улица „Седек Костовски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img