More

    Митровски: Министерствто за внатрешни работи нема право да бара притвор за Ламбе Алабаковски

    spot_img

    Министерствто за внатрешни работи нема право да бара притвор за Ламбе Алабаковски, туку Обвинителството и тоа само во случај кога во претходна постапка обвинителот пред судија одлучил дека ќе предложи мерки за обезбедување на присуството поради можност за бегање или влијание врз сведоците, вели за „Фокус“, адвокатот Јанаки Митровски, кој денеска меѓу првите се пријави да го брани Албаковски.

    – (Спасовски) нема никакви ингеренции како министер и ова не може никако поинаку да се перцепира, освен како директен политички притисок – вели Митровски.

    Митровски објаснува и дека мерките за обезбедување можат да бидат од обврска лицето повремено да се јавува во суд до целосен притвор, но дека во тој дел од постапката обвинителот, а не министерството, го има главниот збор.

    Случајот со опожарувањето на таблата на клубот со озглогласено име, „Ванчо Михајлов“, ја подели јавноста на социјалните мрежи. Политичката партија Левица утре ќе организира протест за слобода на Алабаковски, со барање Македонија да испрати протестна нота до бугарскиот амбасадор, а наместо Алабаковски, кривично да го гони претседателот на клубот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img