More

    Ле Пен на линија со германските експерти во врска со санкциите

    spot_img

    „Ембаргото на ЕУ за испораките на руска нафта е глупаво“, изјави поранешната кандидатка за француски претседател Марин Ле Пен. Нејзиниот став исто така го делат повеќе германски економисти според кои наместо ембарго треба да се воведат царини на извозот со што Русија би била принудена да намали цената на нафтата. Во спротивно, Русија само ќе се збогатува.

    А, не само што Русија ќе се збогатува, според Ле Пен, нафтата што била наменета за ЕУ едноставно ќе им биде продадена на партнерите на Русија.

    Дебатата дали ембаргото вистински ќе даде ефект ги натера властите во Германија да направат анкета меѓу врвните експерти. Дури 70 отсто од нив велат дека решението е во царини, а не во ембарго. Тие сметаат дека повисоките цени на енергијата во Европа, кои ќе произлезат од овие царини, исто така ќе ја „оптимизираат дистрибуцијата на дефицитарните ресурси низ пазарот“.

    Нешто помалку од четвртина од експертите се скептични. Според нив и со царини, трошокот за зголемувањето на цените повторно најмногу ќе го сноси ЕУ. Други испитаници ја отфрлаат идејата бидејќи ја сметаат за недоволно радикална и повикуваат на целосно сопирање на плаќањата ко Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img