More

    Милан Поповиќ се огласи за тепачката, апсењето и за скандалот

    spot_img

    Милан Поповиќ се огласи по драмата во која неговата поранешна партнерка Северина Вучковиќ на загрепскиот аеродром била дочекана од полицијата, по пријавата која против неа ја поднела сестра и Маријана Поповиќ.

    Тој рекол дека се слушнал со Маријана после инцидентот, со која е во коректни односи и дека е згрозен од целата ситуација.

    – Вакво агресивно однесување на Северина за мене не е новост, бидејќи во последно време се случува многу често и почна да се одразува на детето. Сметам дека институциите треба, наместо да заташкуваат како до сега и да ѝ се додворуваат на Северина, да земат и уште еднаш да ги погледнат сите пријави и да ги проанализираат ситуациите каде е Северина пријавена, како и за занемерување на детето и за насилство во семејството и генерално насилство и од тоа да извлечат еден објективен став – рекол Милан.

    Загрепската полиција во вторникот ја приведе на аеродромот Северина  заради семејно насилство по пријава на нејзината сестра. Адвокатот Драгослав Трниниќ за локалните медиуми изјави каква евентуална казна би можела да добие пејачката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img