More

    На Твитер се појавија фотографии од фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, студентката Клара Чиа Марти

    spot_img

    На Твитер се појавија фотографии од фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, студентката Клара Чиа Марти. Двојката е видена на свадба во Шпанија. Оделе насмеани и држејќи се за рака.

    Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина. Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.

    Како што пишува британски „Сан“, Клара работи за филмската и ТВ-продукциската куќа на Пике, „Космос“, надгледувајќи специјални настани. Клара на својот Инстаграм објавува атрактивни фотографии и често позира во долна облека, но и топлес.

     

    Шакира наводно не е задоволна што Пике се појавил во јавност со Клара, пишува „Дејли мејл“. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор да не се појавуваат во јавноста со новите партнери во првата година од паузата.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img