More

    Медиуми во Србија: Случајот со Селма Бајрами го отвори прашањето – кој навистина раководи со безбедносните структури на Србија?

    spot_img

    Иако поминаа речиси три месеци откако Александар Вулин си замина од функцијата директор на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА), од неговите неодамнешни изјави се чини дека тој не ја ни напуштил оваа функција, пишува Нова.рс. Само во последните две изјави, кои се однесуваат на директивите за апсењето на политичарот Никола Сандуловиќ и забраната за влез на пејачката Селма Бајрама во Србија, Вулин рече дека тие биле донесени по негова иницијатива и пред тој да ја напушти агенцијата во ноември. Познавачите на состојбите велат поинаку – Вулин сепак се чуди и се однесува како директорот на БИА.

    По одлуката на САД да го стават на листата на санкции и прилично критичките коментари на амбасадорот на оваа земја во Србија, Вулин ја напушти функцијата прв човек на БИА. Ваква одлука донесе на 3 ноември, по што активно се вклучи во кампањата на СНС за парламентарните избори.

    Иако речиси месец и пол апстинираше од изјави и јавни настапи, Вулин повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста по одлуката за апсење на политичарот и лидер на помалата Републиканска партија. Тој на почетокот на јануари бил на Косово и го посетил гробот на Адем Јашари, по што бил уапсен од српските власти.

    Со денови беше нејасно што се случи во овој случај, вознемирена беше и меѓународната заедница, а гласот на властите само го слушнавме од устата на поранешниот директор на БИА, пишува Нова.рс.

    На 6 јануари, Вулин потврди дека Сандуловиќ бил приведен по негова наредба.

    До денес останува нејасно како е можно Вулин да дал наредба за апсење на Сандуловиќ на почетокот на јануари, а тој да поднесе оставка на почетокот на ноември. Значи, полни два месеци вакуум помеѓу двете одлуки.

    Две недели по одлуката за апсење на Сандуловиќ, издадена е директива да се забрани влез во Србија на пејачката Селма Бајрама поради неодамнешното видео на кое таа покажа двоглав орел.

    Вулин повторно ја презеде одговорноста и рече дека тоа е само негова одлука. Токму поради овие два случаи, се поставува прашањето дали Вулин неформално е сè уште прв човек на БИА и како се појави толкав временски јаз меѓу неговото заминување од безбедносните структури и конкретните потези кои беа спроведени по 1 јануари 2024 година. Случаите Сандуловиќ и Бајрами фрлаат сомнеж за тоа кој одлучува во безбедносните структури.

    Поранешниот директор на Воено-безбедносната агенција (ВБА), Момир Стојановиќ, за Нова.рс вели дека впечатокот е дека новиот директор на БИА е фиктивно назначен, но дека сепак се одлучува Александар Вулин.

    „Иако Вулин поднесе оставка пред неколку месеци, неговите јавни настапи се се почести. Познавачите велат дека неговата оставка е фиктивна и тврдат дека Вулин сепак се појавува во дирекцијата на БИА со возило со затемнети стакла и дека се снаоѓа од сенка. Тоа е принципот како да се залажува јавноста и странците, во режија на државата. Неговите реклами само ни покажуваат дека Вулин се уште ги влече конците и одлучува во БИА, а другиот е фиктивно назначен“, објаснува Стојановиќ.

    Коментирајќи ја изјавата на Вулин каде тој наводно лично ја донел одлуката за забрана на влез на пејачката во земјава, Стојановиќ подвлекува дека оваа наредба е спорна и од правен аспект.

    „Се работи пред се за незаконски дела. Овластените органи можат да бараат забрана за влез на лице на територијата на Србија, но одлуката ја носи МУП. Директорот на БИА не може да издаде наредба за забрана за влез на лице во Србија. Ваквото толкување ни покажува елементарно непознавање на правото“, објаснува Стојановиќ за Нова.

    Потсетуваме, Вулин изјави дека одлуката за напуштање на БИА ја донел самостојно и рече дека „нема право да ја жртвува Србија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img