More

    Меџити прогласи апсолутна победа во албанскиот кампус

    spot_img

    Коалицијата ВРЕДИ е апсолутен победник кај албанскиот кампус, рече на прес-конференцијата Изет Меџити чија информација беше проследена со громогласен аплауз.

    – Почитувани симпатизери и гласачи на Коалицијата ВРЕДИ, сакам да ви се заблагодарам за вашата неуморна активност, граѓанство и демократска зрелост што ја покажавте ви благодариме за трпението и отпорноста на сите закани – рече Меџити.

    Тој потоа направи генерална проценка како се одвиваше изборниот ден во Македонија за време на претседателските и парламентарните избори.

    – Како што предупредувавме и во кампањата, денешниот изборен процес беше сѐ, само недемократски. За жал државните институции кои треба да го гарантираат процесот се ставија на располагање на ДУИ. На терен се забележани, заменици-министри, министри, директори и други партиски функционери. Нивното присуство е документирано и во следните денови ќе ги информираме претставниците на амбасадите и набљудувачките мисии за сите овие настани – рече тој.

    Меџити порача дека за насилството врз гласачкото право ќе се одговара.

    Според него, ДУИ го покажала своето вистинско лице со бојкот на претседателските избори.

    – Замислете, партијата која на изборите излезе со името „Европски фронт“ и кажуваше дека за брзо ќе нѐ интегрира во ЕУ, направи чин спротивен од тоа. Јавно го прашуваме министерот Бујар Османи, како ќе го оправда бојкотот утре пред меѓународните партнери – рече Меџити кој најави промена на власта веќе од утре.

    – Али Ахмети од денеска е најголемиот губитник заедно со Артан Груби. Од денеска ќе заврши во политичка изолација од сите страни. Албанците од денес имаат нов сериозен политички фактор кој гордо ќе ги застапува. Вечерва започнува промената – посочи Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img