More

    Курти: Радост поради ослободувањето на полицајците, но мора да има казна за „киднапирањето“

    spot_img

    Косовскиот премиер Аљбин Курти потврди дека тројцата припадници на косовската полиција кои беа уапсени од Србија се ослободени.

    „Иако сме среќни што ќе се вратат кај семејствата, ова киднапирање е сериозно кршење на човековите права и мора да се казни. Србија мора да сноси одговорност за оваа агресија“, напиша Курти на Твитер.

    Курти повтори дека косовските полицајци се „киднапирани“, што Белград го негира и тврди дека биле уапсени на територијата на централна Србија.

    Високиот суд во Краљево претходно соопшти дека го потврдил обвинението против тројцата косовски специјалци кои беа уапсени на 14 јуни и донесе решение со кое на обвинетите им е укинат притворот.

    Во соопштението се наведува дека по спроведената претходна постапка и поднесен обвинителен акт од страна на Вишото јавно обвинителство Краљево против осомничените Б.С., Р.З. и Ш.М. поради по едно кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл. 348-ми ул. 4. во врска со ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик, неистражниот совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против горенаведените обвинети и донесе решение со кое на обвинетите им е укинат притворот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img