More

    Комеморативен концерт по повод 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

    spot_img

    Одбележувањето на 80 годишнината од Холокаустот се заокружи со комеморативен концерт во Националната опера и балет, каде се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

    – Нашата држава покажа дека е пример во регионот и во Европа како да се бранат и негуваат различностите. Со мудри политики, Македонија ќе стане членка на Европската Унија , за што знам дека има поддршка и од македонските Евреи, рече Ковачевски. Тој нагласи дека во нашата срж го имаме демократијата, антифашизмот што ќе ги зачуваме и за идните генерации. „Имаме и морално право и вредности за да се спротивставиме на секоја форма на говор на омраза и нетолеранција – рече Ковачевски.

    Холокаустот не почнал со концентрациони логори, туку со антисемитизам и со ширење говор на омраза. За да обезбедиме иднина за генерациите против нашата, ќе треба да извлечеме поуки од минатото. Тоа ќе го направиме ако застанеме против екстремни, националистички и популистички идеологии, коишто водат кон фанатизам.

    Пред присутните се обрати и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

    Тој рече дека Евреите од целиот свет скапо го платија својот мир и развојот на светот. Никогаш нема да го заборавиме геноцидот кон Евреите, Ромите и сите кои не припаѓаа на ариевската раса, рече Леви кој додаде и дека светла точка во геноцидот на Евреите во Македонија се само неколкутемина кои успеале да се спасат.

    – Денес, кога нацизмот и антисемитизмот се буди во Европа, па и во Македонија мора да кажеме стоп. Агресијата во Русија мора да престане, нема оправдана причина да се убиваат луѓе. Жртвите на логорите на смртта не смеат да бидат залудни – рече Леви.

    На комеморацијата се обрати и амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на американскиот Еврејски конгрес, рабин Ендру Бејкер.

    Амбасадорката Франкел вели дека потомците на македонските Евреи живеат во Израел, но затоа што избегале пред почетокот на војната. Таа рече дека македонските Евреи во Македонија и во Израел имаат средби како оваа. Таа порача дека никогаш не треба да заборавиме и изрази благодарност до Владата на Македонија.

    Пред присутните се обрати и претседавачот на американскиот Еврејски конгрес, рабинот Ендру Бејкер.

    – 1943 беше најсмртоносната година од еврејскиот геноцид. Но, без помошта на владите кои беа сојузници на нацистите и без рамнодушноста на некои земји, бројот на жртвите ќе беше далеку помал. Некогаш мислевме дека процесот секогаш ќе се движи во позитивна насока. Беа потребни децении за некои земји да го признаат Холокаустот. Во соседна Бугарија се крена превезот што беше ставен врз две спротивни приказни. Беа спасени на чуден начин со помош на црковни лица и поединци речиси 50.000 Евреи, но во исто време бугарските власти во тоа време, испратија илјадници Евреи во концентрационите логори. Мора да ставиме крај на ваквото негирање и искривување на вистината, а уште повеќе го должиме на нашите деца и на нашите внуци – рече рабинот Бејкер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img