More

    Бугарија била сојузник на нацистичка Германија, но ги спасила сите свои Евреи

    spot_img

    Ангел Димитров, копретседател на Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија реагирана говорот на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 80 – годишнината од Холокаустот.

    Во изјава за БТА, коментирајќи го говорот на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, Димитров вели дека оценките на Пендаровски се „силно идеолошки“.

    – Да се зборува така за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност чија цел треба да биде воспоставување на добри дипломатски односи меѓу нашите две земји – вели Димитров.

    Бугарија, како што посочува, била единствената земја во Европа која од една страна била сојузник на нацистичка Германија, но, како што вели, не подлегнала на притисокот и ги спасила сите свои Евреи. Според Димитров, депортацијата на Евреите од тогашната област Македонија започнала уште во јануари 1943 година со најкоцентрираната група на еврејско население од Солун. Депортацијата, вели Димитров, се случила на експресно инсистирање на нацистичка Германија, а Бугарија не ги поседувала овие територии, туку, како што посочува, само управувала со нив.

    Според него, има повеќе од еден или два случаи во кои Евреите кои живееле на територијата на Југославија успеале да се спасат бидејќи дошле во Бугарија.

    – Во 2011 година, кога се прослави уште една годишнина од депортацијата на Евреите и беше отворен Музејот на холокаустот во Скопје, германскиот амбасадор тогаш многу јасно и категорично изјави дека целата одговорност за депортацијата на Евреите од Вардарска Македонија и од овој дел на југ, Источна Европа и припаѓа на Германија – вели Димитров.

    Претседателот Стево Пендаровски денеска на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во својот говор рече дека за да има помирување, треба да има извинување за депортацијата на македонските Евреи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img