More

    Кабинетот на вицепремиерот Груби тврди дека обувките не чинат 450 евра, туку 138 евра

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и личните навреди упатени кон првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, побараа од Кабинетот на првиот потпретседател на Владата.

    Оттаму испратија, како што велат, доказ за цената на патиките на Груби. На фотографијата од патиките испратена до медиумите се гледа цена од 138 евра.

    „Во прилог Ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои замислете, се состануваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Груби.

    „Секојдневното креирање лажни вести проследени со навреди се најниското ниво на кое ВМРО-ДПМНЕ е спаднато од своето основање до денес. Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го ‘пушти низ вода’ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку Гебелска пропаганда. Затоа, Никола Груевски има четири пати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат сѐ уште Груевски како нивен лидер“, се додава во реакцијата од Кабинетот на Груби.

    Како што објавивме претходно, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека првиот вицепремиер Артан Груби вчера во јавноста се појавил со нови патики, кои, како што наведе, чинат отприлика колку една просечна македонска плата.

    „Артан Груби глуми моден гуру и замислете, на очиглед на целата македонска јавност, се облекува во патики кои чинат дури колку една македонска плата. Артан Груби вчера, смеејќи ѝ се на целата македонска јавност во лице се пофали со патики ‘Off-White’ кои чинат над 450 евра. Да потсетиме дека половина милион граѓани живеат со само 150 денари на ден и немаат леб да јадат, а Груби почна да се облекува во патики кои чинат повеќе од 27.000 денари. Нека се запраша дали тие граѓани на своите деца можат да им купат патики од над 27.000 денари. Груби е човек кој е познат по своето семејно брзорастечко мултимилионско богатство, стекнато под сомнителни околности. Потсетете се само кој беше Артан Груби и дали носеше патики од над 450 евра пред да влезе во политиката, кога беше хулиган и погледнете го сега откако се потпиша договорот за Коридорот 8 и 10. Очигледно Артан Груби како новопечен мултимилионер сака во стилот да биде новиот Еди Рама, но за жал од Али-експрес, бидејќи сите знаат дека овој негов луксуз се должи на криминалот и корупцијата кои ги прави оваа Влада на ДУИ и СДСМ. Ова е најкриминалната Влада со најголемиот потенцијал за одговорност, одговорност која ќе се брои во стотици години затвор поради сторениот очигледен криминал“, беше наведено во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img