More

    Издадена еврообврзница од 500 милиони евра со купонска камата од 6,96 отсто и рок на отплата од 4 години.

    spot_img

    Министерството за финансии соопшти дека е издадена еврообврзница од 500 милиони евра со купонска камата од 6,96 отсто и рок на отплата од 4 години.

    Дополнителни 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската комисија по каматна стапка од приближно 3%.

    Еврообврзницата од 600 милиони евра што минатиот месец пропадна поради оставката на министерот за правда Никола Тупанчески требаше да биде со камата од 6,25 отсто.

    Каматата на аукцијата за деветтата еврообврзница што денеска се одржува, претходно објави „Блумберг Адриа“, изнесува 7,6 проценти.

    „Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност“, претходно, во текот на денот соопшти Министерството за финансии.

    Еврообврзницата требаше да биде издадена во февруари, но тоа не се случи поради административни процедури односно се чекаше потпис од новиот министер за правда. Од Министерството за финансии тогаш изјавија дека нова аукција ќе биде спроведена веднаш по изборот на новиот министер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img