More

    Продолжува „чистката“ на „огнените“ од државните институции

    spot_img

    Продолжува „чистката“ на „огнените“ од државните институции. Аднан Ејупи е разрешен од функцијата државен секретар во Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби, објави Алсат.мк.

    – Точно е дека мојот став кореспондира со оној на Изет Меџити, Блерим Беџети и на другите, и тоа не го криев. Точно е дека и јас имав поинакво мислење, па поради тоа ме разрешуваат и ме заменуваат со член на Алијанса за Албанците. На крајот, само сакам да ви кажам благодарам претседателе за разрешувањето, благодарам што заменивте милитант на нашата партија со следбеник на касапаната во 2008 година – рече Аднан Ејупи по разрешувањето.

    Викендов Бујар Османи беше назначен за координатор на огранокот на ДУИ во Чаир, што според еден од водачите на „огнената група“ Иџет Меџити беше оценето како политички реваншизам на Али Ахмети кон оние кои имаат поинакво мислење во ДУИ.

    – Трагичен е начинот на реваншизам, односно политичка диференција што се случува во ДУИ, што уште еднаш докажува дека тоа не е тренд, туку разобличување на ДУИ. Смешна работа е и последната информација што ја разбрав од медиумите,за координатор за политички прашања во Чаир, бидејќи таква позиција нема во организациската шема на ДУИ, значи е измислена позиција и историски ова на ДУИ не и носи добро – порача Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img