More

    Хоџа го праша Османи зошто купува гориво од „Лукоил“

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека купувањето на руската нафта и гас ја финансира руската војска.

    – На сите ни е јасно дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира војната, односно руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате, Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност – посочи Османи.

    На ова реагираше Аријанит Хоџа од Движењето Беса кој објави документ од кој се гледа дека Министерството за надворешни работи со гориво го снабдува руската компанија „Лукоил“.

    „И како да им се верува на овие кога јавно зборуваат поинаку, а на дело поинаку!? Таков е случајот со Бујар Османи кој рече дека секое купување на бензински пумпи во сопственост на Русија е директно финансирање на Русија во нејзините воени операции во Украина. Сите се согласуваме со тоа. Но, која е вистината? Министерството на чело со Бујар Османи има договор за снабдување со гориво со руската компанија ‘Лукоил’, па го прашувам штом вели дека купувањето гориво од руска компанија помага во војната на Русија против Украина, што следствено од договорот што го има потпишано, дека МНР ѝ помага на Русија!?“, вели Хоџа.

    Тој додава дека има и многу државни институции и такви на чие чело се кадри на ДУИ кои имаат договори со руската компанија „Лук оил“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img