More

    Владата потсети дека кривично се одговара за учество во странски војски

    spot_img

    Од Владата на Република Македонија за Плусинфо потврдија дека во војната во Украина, која се води меѓу руската и украинската војска, нема наши сограѓани.

    Тоа значи дека конфликтот нема македонски граќани, во униформираните состави на двете армии или во редовите на паравоените формации.

    „Ве известуваме дека нема информации дека наши државјани учествуваат во војната во Украина“, се вели во дописот од владината прес-служба.

    Викендов на фејсбук-страницата на Украинската амбасада во Скопје, беше споделен повикот до сите наши граѓани, кои би сакале да учествуваат во Легијата на странци на Украина, во борбата со руските сили. Од Владата, цитирајќи го членот од кривичниот закон, потсетија дека служењето во странските војски строго им е забрането на македонските граѓани.

    „Во однос на другите прашања, укажуваме на Кривичниот законик, каде јасно е дефинирано дека учество во странска војска или обучување од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи, надвор од територијата на Северна Македонија, е казниво со затвор од најмалку четири години“, додадоа од Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img