More

    Француските власти го конфискуваа имотот

    spot_img

    Судот во Франција ја конфискува луксузната вила на поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила Очеретнаја сместена на атрактивна локација на Азурниот брег. Одлуката е донесена на 6 декември 2023 година, пишува Челенџес.

    Вилата „Сузана“ е со површина од 450 квадратни метри, има 8 спални соби и околина од 5.000 квадратни метри и се наоѓа во близина на градот Англет. Купена е за 5,4 милиони евра во декември 2013 година – 6 месеци откако беше објавен разводот со Владимир Путин, а регистрирана е на новиот сопруг на Људмила, Артур Очеретни.

     

    Според весникот, куќата е празна и претходно била претресена како дел од истрагата на обвинителството по жалба на Транспаренси интернешнал, откако активистите за човекови права побараа да се потврди потеклото на парите со кои е купена луксузната вила.

    Сега вилата изгледа напуштена и никој не живее таму, а на влезната капија и на ѕидовите што ја опкружуваат испишани се графити против Путин.

    Вилата првпат излезе на виделина во 2017 година, кога новинарите од Центарот за проучување на корупција и организиран криминал (OCCRP) објавија истрага за финансиите на рускиот претприемач Артур Очеретни. Според документите кои ги проучувале новинарите, вилата била купена кон крајот на 2013 година.

    Вилата во „арт деко“  стил наречена Ревери била изградена во 1930-тите, подоцна била преименувана во „Вила Сузана“ според името на нејиниот покровителка, вдовица на лондонски банкар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img