Израелската војска објави неколку фотографии за кои вели дека покажуваат голем број локации за лансирање ракети на Хамас лоцирани во близина на цивилната инфраструктура во Појасот Газа.
„Хамас директно им се заканува на жителите на Газа, Израелците и меѓународната заедница“, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесува Sky News.
Црвените оквири означуваат места каде Израел тврди дека Хамас има стационирано оружје, додека белите кутии покажуваат цивилна инфраструктура, вклучувајќи градинка, зграда на ОН, училишта и џамија.
Израелски одбранбени сили
Скај њуз нагласува дека фотографиите не се независно проверени.