More

    Ескобар упати пораки за Балканот, „ЗСО мора да има, нема цепење на БиХ“

    spot_img

    „За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори“.

    Вака истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан во Конгресот на САД. Таму тој го презентираше извештајот за ангажманот на САД на Балканот.

    Ескобар смета дека со евроатланската интеграција на Македонија ќе се намали влијанието на „штетните актери во регионот, како што се Русија и Кина, но и на корумпираните локални актери“.

    ЗСО што побрзо, а Србија да ги признае косовските симболи и пасоши

    Извештајот кој тој го презентираше ја спомнува и ситуацијата на Косово. Се вели дека ЗСО на Косово мора да се формира, а и Србија и Косово мора да ги исполнат своите обврски што побрзо.

    – Косово мора да формира ЗСО што ќе ги зајакне општините со заеднички интереси, јазик и култура да се координираат за заедничките предизвици во обезбедувањето на некои јавни услуги, вклучително образованието, здравствената заштита и локалниот економски развој – рече Ескобар, презентирајќи го извештајот за ангажманот на САД на Балканот.

    За Курти ќе има последици, не санкции

    Тој ги спомна и обврските на Србија согласно Охридскиот договор.

    – Србија мора да го признае интегритетот на Косово, симболите, пасошите, личните карти и да не го блокира Косово во ниту една меѓународна организација.

    На прашањето какви чекори треба да преземе Курти кон деескалација и како да се отстранат американските санкции, тој рече дека се работи за последици, а не за санкции.

    – Во интерес на Косово е да сфатат дека мора да ги слушаат европските совети, ние ќе им помогнеме да го разберат тоа – рече Ескобар.

    Со сите сили ќе го спречиме Додик да ја отцепи Република Српска

    Американскиот пратеник во излагањето се осврна и на ситуацијата во Босна и Херцеговина. Тој рече дека САД ќе ги искористат сите средства за да го спречат претседателот на Република Српска Милорад Додик, да ја отцепи Република Српска од БиХ.

    – Сакаме да ги искористиме сите можни средства за да спречиме такво нешто. Ова значи зајакнување на силите на ЕУФОР, целосна поддршка за високиот претставник Кристијан Шмит и работиме со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската унија за да ги запреме парите, за да не им се дава пари на оние што ѝ штетат на државата.

    На прашањето зошто ЕУ не воведува санкции против Додик, Ескобар одговори дека тоа е „добро прашање“, потсетувајќи дека за тоа е потребен консензус од сите 27 земји-членки на ЕУ и посочи дека е неопходно да се изврши притисок врз Унгарија.

    Претходно, републиканската конгресменка Ен Вагнер му рече на Ескобар дека е неопходно да се санкционираат оние кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.

    Наведувајќи дека САД се гарант за Дејтонскиот договор, таа посочи дека „мирот во Босна е скап, а оние кои се закануваат мора да одговараат“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img