More

    Тригодишно дете случајно ја застрелало својата едногодишна сестра со пиштол пронајден во нивниот дом во Сан Диего, Калифорнија

    spot_img

    Тригодишно дете случајно ја застрелало својата едногодишна сестра со пиштол пронајден во нивниот дом во Сан Диего, Калифорнија, соопшти полицијата.

    Во понеделникот изутрината детето пронашло пиштол во домот и случајно ја застрелало својата едногодишна сестра. Девојчето било повредено во главата и било пренесено во локална болница, јавува Си-би-ес.

    – И покрај напорите за спасување, таа беше прогласена за мртва околу 8:30 часот, еден час откако го добивме повикот – соопштија од одделот на шерифот на округот Сан Диего.

    Не е познато дали во куќата во моментот на пукањето имало возрасни лица. Инцидентот е под истрага и Лекарската управа ќе изврши обдукција за утврдување на причините за смртта, наведува канцеларијата на шерифот.

    Овој инцидент е само последен во серијата ненамерни пукања во кои учествуваат деца. Според непрофитната организација ЕГС (Everytown for Gun Safety) огненото оружје е водечка причина за смрт кај децата под 18 години во САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img