More

    Секој наставник треба во период од три години да помине обуки во траење од 60 часа, од кои 40 часа треба да се обуки од акредитирани програми

    spot_img

    Секој наставник треба во период од три години да помине обуки во траење од 60 часа, од кои 40 часа треба да се обуки од акредитирани програми, а досега, обучени се повеќе од 14.000 наставници и 800 стручни соработници.

    Од Министерството за образование и наука информираат дека нова серија обучувања започнале во јуни и дека ќе траат до крајот на август, а на обуките е планирано е да учествуваат 17.200 наставници и 1.100 стручни соработници.

    „Интензивно се работи на подигнување на мотивацијата на наставниците преку обезбедување на повисоки плати, подобри услови за работа и континуирана обука и можност за професионален развој. За учебната 2022/2023 година, Бирото за развој на образованието со поддршка од МОН и Светска банка, акредитираше 18 програми за обука на наставници и 4 програми за обука на стручни соработници. Каталогот со акредитираните програми беше јавно објавен на веб-страниците на МОН и БРО и од него наставниците можеа да изберат обука согласно нивниот план за професионален развој“, информираат од Министерството за образование.

    Оттаму велат дека секој наставник за сите неразјеснети прашања и предизвици во наставата при имплементација на стекнатите знаења од обуката може да се обрати до обучувачите, да поставува прашања и да разменува искуства со колегите преку платформи што ги обезбедуваат обучувачите.

    „Ова е единствениот начин да се зајакнуваат професионалните компетенции на наставниците како клучна алка во воспитно–образовниот процес од кој најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат“, наведено е во соопштението на МОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img