More

    Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ на работна средба во СВР Струмица и ОВР Радовиш: зголемена ефикасност и откривачка дејност

    spot_img

    Денеска (25.07.2023) во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“ директорот Сашо Тасевски заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност остварија работна посета на Секторот за внатрешни работи Струмица и Одделението за внатрешни работи Радовиш, при што остварија средба со раководствата на овие организациски единици. Од страна на раководството на СВР Струмица, Тасевски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјето, која е поволна.

    Директорот го нагласи и поздрави фактот што на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица во првата половина од 2023 година се расчистени 5 од вкупно пријавени 6 кривични дела „разбојништво“ , со што е постигната ефикасност од 83 %, а се бележи намалување на пријавените кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ споредбено со првите шест месеци од 2022 година. Во овој дел беше потенцирано дека покрај намалувањето на бројот на пријавени тешки кражби и кражби се бележи зголемување на ефикасноста во откривање на сторителите, споредбено со истиот период лани. Имено, кај кривичните дела кражба ефикасноста е зголемена за 25%.

    Посебно беше потенцирана работата на СВР Струмица во рамки на недозволената трговија со дрога, каде што во првите 6 месеци од 2023 година поднесени се 21 кривична пријава против 22 сторители при што се запленети поголемо количество марихуана, растенија канабис, амфетамин, таблетки МДМА и др.

    Работата во областа на недозволената трговија и оружје беше нагласена и за периодот од почетокот на кампањата „Безбедно лето 2023“. Имено, од почетокот на јули на подрачјето на секторот се регистрирани 30 случаи, во кои при претрес на домови и прегледи на лица и возила се одземени разновидна опојна дрога и 7 парчиња оружје, 27 парчиња муниција и пиротехнички средства.

    Покрај ова, во рамки на посебна оперативна акција, на подрачје на СВР Струмица во првата половина на 2023 година се одземени 80.7 м/3 бесправно исечени огревни дрва, споредбено со истиот период во 2022 година, при што евидентирано е зголемување за 26.15 %. Ефикасноста во спречување на бесправната сеча, превоз и продажба на огревни дрва беше потенцирана и на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш, каде во првите 6 месеци од 2023 година се одземени 46.45 м/3 бесправно исечени огревни дрва, 30 стебла за преработка, 6 патнички возила, 2 товарни возила, 1 трактор со приколка и една приколка.

    На подрачјето на ОВР Радовиш директорот го пофали зголемувањето на откривачката дејност во првата половина на годината во сите области на криминалитет. Имено во периодот од јануари до јуни 2023 година е регистрирана ефикасност од 55 %, споредбено со истиот период 2022 година, кога таа изнесувала 46 %.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img