More

    Израелската армија пронајде тела на тројца заложници во Појасот Газа

    spot_img

    Израелската војска соопшти дека пронашла тела на тројца заложници киднапирани од палестински Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година.

    Телата на тројца мажи биле пронајдени во текот на ноќта, во заедничка операција на припадниците на израелската армија и разузнавачките служби во Џабалија, на северот од воената територија, се наведува во соопштението на армијата.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека Израел е должен да направи се за да ги врати киднапираните.

    „Имаме национална и морална должност да направиме се што можеме за да ги вратиме нашите заложници, живи и починати, и тоа е она што го правиме“, рече Нетанјаху.

    Палестинските екстремисти извршија напад врз јужен Израел на 7 октомври минатата година. Околу 1.200 луѓе беа убиени, а 250 киднапирани.

    Повеќе од 35.000 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа што следеа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img