More

    Британско-австралиската актерка Наоми Вотс откри дека влегла во менопауза на 36 години

    spot_img

    Британско-австралиската актерка Наоми Вотс откри дека влегла во менопауза на 36 години.

    Актерката зборувала за своето искуство со менопаузата за магазинот „Хелоу“:

    „Пoминувањето низ менопауза на толку млада возраст не беше лесно, особено во време кога имаше толку малку достапни информации за тоа. Промени во расположението, ноќно потење и мигрена… Чувствував како да губам контрола“, вели таа.

    Наоми истакнува дека периодот на менопауза може да трае со децении и дека треба да се зборува за тоа: „Зарем не вреди да се пишува за тоа? Толку многу работи можат да се случат во животот на една жена во тој период: грижа за постарите родители, заминувањето на децата, развод, промена на кариера, враќање на работа. Влогот е голем! Сето ова е одлична храна за смислена и богата приказна”.

    Наоми соработува со здружението Marielle Frostrup Menopause Mandate и секогаш ја нагласува потребата отворено да се зборува за менопаузата и е многу „страсна за подигање на свеста и поттикнување поискрени разговори“.

    Да потсетиме, Наоми Вотс (54) минатиот месец во Њујорк се омажи за Били Крудуп, со кого е во врска од 2017 година. Пред тоа таа беше во брак со актерот Лиев Шрајбер, со кого има два сина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img