More

    Денеска во Македонија температури и до 41 степен

    spot_img

    Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Ултравиолетовото зрачење ќе има максимална вредност 10.

    Според прогнозите од УХМР, утринските температури се движат 18 до 24 степени, додека преку денот максималните ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 41 Целзиусов степен.

    Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 37 степени.

    Земјава се наоѓа во портокалова фаза на опасност од високи температури која се очекува да се задржи и наредните денови и од тие причини Владата издаде препораки за ослободување од работа на бремените жени и возрасните лица над 60 години доколку не може нивните работни ангажмани да ги извршуваат онлајн.

    Во градинките се препорачува децата да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот, а во истиот период препорачано е и да не се работи на отворено, посебно во градежниот сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img