More

    Бугарите многу ги боли „украинската“ споредба

    spot_img

    Министерот Бујар Османи, во разговор со својот бугарски колега Иван Кондов „го правдал“ премиерот Димитар Ковачевски за изјавата дека односот на Бугарија кон Македонија е сличен на оној што Русија го има кон Украина, така што тврдел дека таа се однесува на одделни политичари во Бугарија, а не на целата земја.

    Ова го открива бугарскиот технички министер Кондов, информирајчи за средбата со Османи.

    – Тој се обиде да објасни дека говорот на премиерот де факто бил поврзан со конкретни политичари, а не, во принцип, со политиката на Бугарија. Но, јас го го поставив прашањето – зошто во таква ситуација е посочена Бугарија, а не конкретниот политичар на кој се однесувало тоа – рече Кондов.

    Премиерот Ковачевски пред шест дена на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Советот на ЕУ во Рејкјавик рече дека дискурсот којшто се користи од Буарија кон Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина.

    По состанокот со министрите за надворешни работи во Брисел Кондов изјави дека Македонија мора да го смени начинот на кој се однесува кон Бугарија бидејќи ова не е патот за нејзина побрза интеграција во ЕУ“.

    На заедничкиот состанок на министерите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ со колегите од Западен Балкан во Брисел бугарскиот министер Кондов рекол во РС Македонија има државно спонзориран говор на омраза, еднострани провокативни акции, кршење на човековите права, како и на правото на здружување и правото на правично судење, а за такви нешта нема место меѓу заедничките вредности на европското семејство“ – соопшти бугарското Министество за надворешни работи.

    Во соопштението се додаваа и дека министерот Кондов ги информирал колегите дека во РС Македонија има списоци на бугарски државјани, вклучително и членови на Европскиот парламент, на кои не им е дозволен влез на територијата на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img