More

    Бектеши го нарече Асенов министерот за финансии на Бугарија Асен Василев

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши не го знае или го згреши името на бугарскиот министер за за финансии кого денеска го нарече „колегата Асенов“, иако тој се презива Василев.

    Во одговор на новинарско прашање поврзано со најавата за повлекување на бугарската такса за транзит на руски гас и барањето за проширување на капацитетите, Бектеши рече дека неговиот „бугарски колега Асенов не знаел какви одлуки донел, па да ги имплементира“.

    – Повеќето мислеа дека Северна Македонија или Министерството за економија се шегува кога се спротивстави на таксата. Се земаа изјави од мојот колега Асенов за кои испадна дека не се точни. Прво, тој не знаел какви одлуки носел за да може да ги имплементира. Тоа што го кажавме ние како аргументи во Европската комисија, граѓаните да бидат спокојни обезбеден е природен гас за топланите во нашата држава, ќе биде снабдуван со топлинска енергија градот Скопје во текот на целата грејна сезона. Проширувањето на капацитетот е принципиелно барање согласно регулативите на ЕУ и согласно процентот колку тој гасовод во моментот се користи. Имаме простор од 45 до 50 отсто да се прошири тој капацитет, да се зголеми конкурентноста и да се добијат поконкурентни цени и за индустријата, освен за тоа што ги добиваме за потребите на топланите – рече Бектеши.

    Од сајтот на бугарскиот Министерскиот совет (Влада на Република Бугарија ) од 06.06.2023, може да се види дека  министер за економија и индустрија е Богдан  Богданов. Но, ако министерот Бектеши мислеше на министерот за финансии во владата на Бугарија, тогаш го згреши неговото презиме и го нарече  Асенов. Името на министерот за финансии  на Бугарија е Асен Василев.

    Изјавата е во 10.40 минути.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img