More

    Банките во Германија го намалуваат бројот на банкомати, а повлекувањето на кеш, кое во оваа земја лани пораснало за 20%, веќе неколку години се врши на благајните на поголем број маркети

    spot_img

    Банките во Германија го намалуваат бројот на банкомати, а повлекувањето на кеш, кое во оваа земја лани пораснало за 20%, веќе неколку години се врши на благајните на поголем број маркети.

    Исплатата функционира така што клиентот плаќа со картичка на касата и потоа може да ја побара сумата што му е потребна во готово. Износот се додава на фискалната сметка и се одбива од банкарската сметка на потрошувачот.

    Максималниот износ што може да се повлече обично е 200 евра.

    Трговските компании кои го практикуваат ова, вклучувајќи ги и синџирите за малопродажба на храна Rewa и Edeka, аптеките како DM и Rossmann и некои продавници за градежни материјали и алати, враќаат повеќе од 13% од заработените пари на клиентите, покажа истражувањето на Институтот за истражување на пазарот (ЕХИ).

    Оттаму оценуваат дека со зголемената фреквенција на овој начин на пристап до готовина, се зголемуваат и провизиите што компаниите треба да ги плаќаат на банките. Тие изнесуваат меѓу 0,1 и 0,2% од исплатениот износ по трансакција.

    По овој основ, се наведува во истражувањето, малопродажните субјекти лани платиле 17,23 милиони евра, што е за 25,7 % повеќе од 2022 година.

    -За клиентите овој начин на подигање готовина е погоден бидејќи заштедуваат на дополнително време. Побарувачката расте и поради се помалиот број на банкомати – вели авторот на студијата Хорст Ратер.

    Според истражувањето повлекувањето готовина за купување во Германија станува сè попопуларно.

    Вкупниот обем на готовински плаќања лани порасна за 20% на 12,31 милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img