More

    Зошто Путин сега зборува за војна, а не за специјална воена операција?

    spot_img

    Кога во февруари започна неиспровоцирана агресија против соседна Украина, рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за „специјална воена операција“. Но, во четвртокот тој рече дека Русија сака крај на војната во Украина и дека сите вооружени конфликти завршуваат со дипломатски преговори.

    -„Нашата цел не е да го свртиме тркалото на воениот конфликт, туку, напротив, да ставиме крај на оваа војна. Ќе се стремиме да стави крај на тоа (војната) и што побрзо, толку подобро, се разбира“, рече Путин.

    Зошто Путин сега зборува за војна, а не за специјална операција?

    Промената на наративот беше анализирана од Институтот за проучување на војната (ISW), кој наведува дека употребата на зборот „војна“ од Путин во контекст на инвазијата предизвикала одредена конфузија во рускиот информативен простор.

    Имено, Путин рече дека сака да стави крај на војната – а не специјална воена операција – и го употреби зборот војна кога лажно ја обвини Украина дека започнала војна против сопствениот народ во 2014 година.

    Спомнувањето на „војна“ од Путин поттикна неколку руски воени блогери да кажат дека двете фрази – војна и специјална воена операција – отсекогаш биле користени наизменично бидејќи „секој мислител знае дека она што се случува во Украина е жешка војна“, и дека дека Русија никогаш официјално не објави војна.

    Конфузијата сугерира дека ограничениот воен наратив на Путин може да биде во спротивност со неговото претставување на „специјалната воена операција“ како борба за суверенитет на Русија, иако официјално не е објавена војна, пишува ISW.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img