More

    Знаци дека пиете премногу вода

    spot_img

    Прекумерното внесување на вода во телото може да доведе до нерамнотежа на електролити.

    Сите знаеме колку е важна хидратацијата, освен за регулирање на телесната температура, пиењето доволно вода е од витално значење за детоксикација и треба да биде приоритет во текот на денот. Но, дали можеме да пиеме премногу вода?

    Иако идеалната количина на вода варира од личност до личност, во зависност од географската локација, типот на телото и многу повеќе, иако е потребно многу за да се достигне точката на „преголема хидратација“, можно е да се пие премногу вода.

    „При прекумерна хидратација, вишокот вода ја разредува концентрацијата на електролити во крвта, предизвикувајќи нерамнотежа во многу телесни системи“, изјави д-р Кетрин Волдроп за Mind Body Green.

    Пиењето премногу вода дури може да доведе до електролитен дисбаланс наречен хипонатремија, што може да има некои прилично тешки несакани ефекти врз телото. Благата хипонатремија се карактеризира со симптоми на гастроинтестиналниот тракт, гадење, повраќање, губење на апетит…

    За среќа, релативно е малку веројатно дека сте премногу хидрирани, бидејќи тоа би барало од вас да пиете екстремни количини вода дневно. Меѓутоа, ако вашата урина е целосно проѕирна, тоа може да биде знак дека треба да ја намалите количината на вода што ја пиете, пренесува Нова.рс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img