More

    Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

    spot_img

    Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

    На Фејсбук статус Лога напиша:

    „Ве информирам дека денеска со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, напиша министерот.

    Палевски е осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски.

    Во бегство е од крајот на ноември. Двете убиства ја згрозија јавноста. Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во школо. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.

    За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img