More

    Жилијет Бинош, добитник на наградата Гоја за нејзиниот придонес во европската кинематографија

    spot_img

    На 11 февруари, познатата француска актерка Жилиет Бинош ќе добие почесна Гоја, награда од Шпанската академија за филмска уметност за нејзиниот „извонреден придонес“ во кинематографијата. Актерката (58), која во 1996 година го доби престижниот Оскар за најдобра споредна женска улога во филмот „Англискиот пациент“ во режија на Ентони Мингела, несомнено придонела за европската кинематографија, објави Шпанската академија.Жилијет Бинош ќе ја добие Меѓународната Гоја, специјална награда воспоставена пред две години, на церемонијата на доделување на Гоја на 11 февруари во Севиља.

    Оваа Гоја минатата година ја доби австралиската актерка Кејт Бланшет.

    Француската актерка во текот на својата 40-годишна кариера соработувала со големи режисери како Жан-Лук Годар, Луј Мал, Микаел Ханеке и Кшиштоф Кишловски.

    Жилијет Бинош е добитник на бројни награди, меѓу кои францускиот Цезар и британската БАФТА. Добила награди на познати европски фестивали во Кан, Берлин и Венеција.

    Актерката минатата година беше наградена на шпанскиот филмски фестивал во Сан Себастијан.

    Наградата Гоја на Шпанската академија за филмски уметности и науки се состои од мала биста на големиот шпански сликар Франциско Гоја. Наградата за прв пат беше доделена во 1987 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img