More

    Зеленски: Во руските напади врз Украина биле уништени стотици болници и други институции, а лекарите останале без лекови за лекување на рак

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во руските напади врз Украина биле уништени стотици болници и други институции, а лекарите останале без лекови за лекување на рак и дека не можат да вршат операции.

    Зеленски во видео порака до хуманитарна медицинска организација рече дека на многу места на истокот и југот на Украина, каде што се водат главните битки, недостасуваат дури и основни антибиотици.

    – Ако ја погледнеме само медицинската инфраструктура, до денеска, руските сили уништија или оштетија речиси 400 здравствени установи: болници, породилишта, клиники – рече тој во видео обраќањето до присутните на настанот.

    Тој додаде дека ситуацијата во областите под руска окупација е катастрофална.

    – Воопшто нема лекови за третман на болните од рак. Речиси и да нема инсулин за дијабетичари. Невозможно е да се извршат операции. Нема ниту антибиотици – изјави украинскиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img