More

    Антикорупционерите примиле околу 400 барања од државни институциии во однос на мислење за постапување во делот на што смеат, односно што не смеат да прават додека трае изборната кампања

    spot_img

    Антикорупционерите примиле околу 400 барања од државни институциии во однос на мислење за постапување во делот на што смеат, односно што не смеат да прават додека трае изборната кампања

    Од денот на распишување на претседателските, односно парламентарните избори, до денес, оформени се вкупно 45 предмети од областа на спречување на корупција, информира претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

    Таа во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека примиле околу 400 барања од државни институциии во однос на мислење за постапување во делот на што смеат, односно што не смеат да прават додека трае изборниот процес, односно изборната кампања.

    – Од оваа бројка, 45 предмети што се однесуваат на постоење на сомневање за сторени прекрашувања во изборниот процес, оформени се 41 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на вработување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос. 21 предмет има оформено ДКСК по овој основ. Четири предмети се однесуваат за постоење сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети – вели Димитровска.
    Во меѓувреме, тече законскиот рок од 15 дена во кој ДКСК планира да покрене иницијатива за одговорност за спроведениот оглас на Академијата за судии и јавни обвинители пред надлежните институции.

    ДКСК повторно одлучи да се стави во мирување постапката за прием на слушатели за идни судии и јавни обвинители

    На 6 април до Антикорупциската комисија беше доставен приговор од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

    Приговорот од Силјановска – Давкова беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата на судии и јавни обвинители поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот беше вратен во ДКСК на повторно постапување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img