More

    Зеленски пред Европскиот парламент: Одбраната на Украина е и одбрана на Европа

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Европскиот парламент изјави дека одбраната на украинската територија од руската инвазија е и одбрана на Европа.„Ние се браниме, ве браниме вас “, рече претседателот на Украина.

    Како што оцени, Украина се брани од силата која најмногу е против Европа во современиот свет.

    Зеленски беше пречекан во Европскиот парламент во Брисел со аплауз на пратениците. Претседателот на Украина денеска по посетата на Лондон и Париз ќе учествува на самитот на шефови на држави или влади на Европската унија.

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на Твитер му посака добредојде на украинскиот претседател Зеленски во Брисел со пораката „Добредојдовте дома, добредојде во Европската унија“.

    Зеленски им се заблагодари на лидерите на 27-те земји на Европската унија за нивната „непоколеблива поддршка“ од почетокот на руската инвазија пред една година и апелираше да се забрза испораката на оружје во Украина за „да се оди побрзо од агресорите“.

    „Јас лично ви благодарам за оваа непоколеблива поддршка за мојата земја“, рече Зеленски на почетокот на европскиот самит во Брисел.

    Тој рече дека „слободна Европа не може да се замисли без Украина“.

    Колку повеќе сме обединети, толку ќе бидеме посилни“, изјави претседателот на Украина.

    Зеленски рече дека на Украина „потребна ѝ е артилерија, муниција, модерни тенкови, ракети со долг дострел, модерни борбени авиони“.

    „Ви благодариме што ни ја дадовте воената поддршка што ни ја давате, ви благодариме што направивте повеќе. Мораме да одиме побрзо од нашиот агресор. Нашиот агресор дополнително се мобилизира“, им порача Зеленски на лидерите на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img