More

    Зеленски изјави дека Киев, колку што тој е запознаен, не го наредил терористичкиот напад на мостот на Крим

    spot_img

    Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев, колку што тој е запознаен, не го наредил терористичкиот напад на мостот на Крим.

    – Ние дефинитивно не нарачавме такво нешто, колку што знам – рече Зеленски во интервју за канадската ТВ мрежа CTV.

    Утрото на 8 октомври одекна експлозија на Кримскиот мост, односно експлодираше камион по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот. Како последица на тоа делумно се урнаа два коловози, но носачите не беа оштетени.

    Во инцидентот загинаа четири лица, а рускиот претседател Владимир Путин изјави дека зад нападот стојат украински специјални служби.

    Директорот на рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, инцидентот на Кримскиот мост го нарече терористички напад, нагласувајќи дека зад него стојат украинските разузнавачки агенции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img